Општинската ДПА од Струга со низа обвинувања за работењето на градоначалникот Рамиз Мерко.
Наместо албанци во неколкуте јавни институции во Струга, се вработуваат само македонци. Најголемата вина за тоа ја сносат Градоначалникот Рамиз Мерко и пратеникот од ДУИ, Тахир Хани обвинија денес на прес конференција од Струшкиот огранок на Дпа. „Мерко кој е претседател на огранокот на Дуи во Струга и пратеникот Хани во четири очи договараат се што е на штета на албанците“, вели претседателот на огранокот на ДПА, Зијадин Села. Тој го обвинува Струшкиот градоначалник дека во Струга и Струшко дозволувал изградба на цркви, а спречувал изградба на џамии.
„Во Струга веќе две години се вработуваат само албанци.Само овој месец има повеќе од 40-тина вработувања, и во сите нив ниту еден албанец.12 луѓе се вработени во Елем, 7 во фондот за здраство, 10 во домот на културата, 3 во катастар, 9 во шумското претпријатие.Немојте да кажете дека ова е надлежност на централната власт бидејќи дел од центрачната власт е Дуи чиј претседател во Струга сте вие.Многу беше гласен Мерко кога пред три години требаше да се изгради џамија.Направи се за да ја спречи изградбата и ја постигна целта.А сега кога се гради црква молчи и допринесува во финализацијата на нејзината изградба.Еве како допринесува вие и Дуи“, истакна претседател на Дпа Струга.
Од ДПА денес обвинија и за хаосот во урбанизмот во центарот на Струга. Тие имаат забелешки и за неодамнешните ископини наспроти женска плажа.„Под оправдание дека се поставува билборд го почнавте ископувањето и откривте темели за кои уште не е јасно за што станува збор“, вели Села.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град