Канческа Милеска : Директорот на Охридско лето треба да биде менаџер

Новиот директор на Охридско лето треба да задоволува два многу значајни критериуми, добро да ја познава културата и самиот фестивал, но и да има менаџерски способности, тврди Министерката за култура на Р Македонија, Елизабета Канческа Милеска.  Таа ги побива шпекулациите дека избраниот кандидат за менаџер на оваа културна манифестација ќе биде партиски војник на ВМРО ДПМНЕ.

 |  Татјана Маленкова  | 
Kanceska Milevska
Канческа Милевска

anticki teatarНовиот директор на Охридско лето треба да задоволува два многу значајни критериуми, добро да ја познава културата и самиот фестивал, но и да има менаџерски способности, тврди Министерката за култура на Р Македонија, Елизабета Канческа Милеска.  Таа ги побива шпекулациите дека избраниот кандидат за менаџер на оваа културна манифестација ќе биде партиски војник на ВМРО ДПМНЕ.

„Националната Установа Охридско лето е белег не само на Охрид туку и на Р Македонија. Поради тоа бараме сите кандидати да подготват четиригодишна програма за развојот на оваа манифестација“, вели министрката за култура Канческа Милеска.

„Секој кој ќе излезе на конкурс носи голема одговорност пред се засебе но и за јавноста. За мене е битно да има менаџерски способности да ја познава самата област каде се конкурира и да се има осмислена програма за периодот од 4 години. Во таа насока ќе биде избран и директорот на Охридско лето. Конкурсот го објавивме оваа недела и очекувам да имаме солидни кандидати кои ќе го вложат својот квалитет во институцијата“, истакна министер за култура Елизабета Канческа Милеска.

Конкурсот за избор на директор на охридско лето ќе биде отворен 15 дена и доколку кандидатите кои ќе се пријават во овој рок не ги исполнуваат критериумите, министерката вели дека ќе се објави нов конкурс. Оваа постапка ќе трае се додека не се избере квалитетен човек, вели Канческа Милеска.

„ Кога назначувате некој тргнувате со полна доверба спрема него и тоа е добро да имате доверба во него. Битно е да се постави човек со менаџерски способности. Директорот треба да биде добар менаџер, затоа што фестивалот си има два селектори, едниот за драма, з адругиот за музика“, истакна Канческа Милеска.

Минисерката вели дека интенција на министрството е фестивалот да живее не само во лето, туку да има збиднувања преку цела година.
Се шпекулира дека желба за директорската фотеља досега пројавиле Наташа Спасеска некогашен портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, а сега сопственик на агенција за недвижности, Јован Секулоски, исто така поранешен гласноговорник на охридската ВМРО ДПМНЕ – сега вработен во Царина, Васил Ложанкоски, портпарол на екс градоначалникот Никола Наумов, а сега вработен во секторот за инфомирање на локалната самоуправа и Стојан Савески дипломиран новинар, поранешен директор на Радио Охрид, а сега регионален координатор на центарот за развој на југозападен плански регион.
Инаку доколку се вистинити информациите дека Охридско лето, должи околу 15 милиони денари, тогаш на идниот директор му посакуваме многу среќа најпрво да излезе од наследените долгови, а потоа и успешно да ги спроведе своите планови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top