Туризмот не може без авио превоз

Воспоставување редовна авионска линија Загреб – Охрид, клуч за развој и подобра соработка во туризмот помеѓу Македонија и Хрватска.

 |  Билјана Николовска  | 
avion
авион

Aerodrom OhridХрватска ќе лобира што поскоро да се воведе директна линија Загреб – Охрид. Вчера во рамките на состанокот на високата Хрватска делегација и градоначалникот Петрески, покрај официјалниот дел за учество на Охрид на Меѓународниот саем во Вировитица, кој ќе се одржи на почетокот на идната година, се разговараше и на тема, што најмногу го кочи развојот на туризмот меѓу Македонија и Хрватска. Петрески јавно пред хрватските претставници проговори за катастрофалната патна инфраструктура во земјава, која според него, под итно мора да се поправи, како и од потребата за отворање на авио линии помеѓу двете земји.
Хрватскиот амбасадор Иван Кујунџиќ рече дека Охрид е многу интересен град за хрватските туристи, но нагласи дека поврзаноста помеѓу овие две земји, е многу битен фактор за да се реализира туристичка комуникација. Амбасадорот рече дека  ја поддржуваат идејата да се воспостави авио линија, но дека сепак не можат да се мешаат во преговорите кои треба да се воспостават со националните авио компании на двете земји. Кујунџиќ потенцира дека се отвора голема можност за соработка во туризмот бидејќи двата града Охрид и Дубровник, секој на свое подрачје, се туристички бисери.
И хрватскиот претседател на стопанската комора Милан Ванџура, рече дека воведувањето на авио линиите помеѓу Македонија и Хрватска би бил нов импулс во надворешно трговската размена.
Авио превозот не ретко во туристичката терминологија се споменува како клучен фактор за развојот на туризмот, посебно во начинот на привлекување гости. Локалната власт во Охрид и градоначалникот сметаат дека Владата сериозно треба да размисли за субвенционирање на ова поле, како директно би се почуствувале позитивните ефекти од туризмот и останатите дејности.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top