Награда за „Нов квалитет во туризмот“

Хотел „Силекс“ го враќа некогашниот сјај по кој го паметат бројните гости од земјава и странство.

 |  Билјана Николовска  | 
Hotel Sileks
хотел Силекс

Hotel SileksИнвестициите во сопствениот бизнис се исплаќаат. Охридскиот хотел „Силекс“, од Меѓународниот саем за туризам, кој минатата недела се одржа во Нови Сад, се врати со награда „Нов квалитет во туризмот“. Оваа несекојдневна награда е голем предизвик, успех и заслуга која треба да се оправда, вели менаџерот на овој угостителски објект Тошо Чочороски.
„Направивме големи вложувања во време кога бизнис климата се соочува со економска криза“, вели Чочороски. Додава, дека, иако моментот не бил најпогоден, морало да се преземат тие инвестициони зафати, пред се, заради имиџот на хотелот.
Како еден од важните параметри, за работите да тргнат по нагорна линија, се внатрешните промени во хотелот и ангажирањата на новиот менаџерски тим, вели Чочороски. Тој е горд што овој угостителски објект се враќа на вистинскиот пат на туризмот, а не како досега, да работи само со сместување на деца од училишни екскурзии. А како доказ за тоа, ја посочува и добиената наградата за нов квалитет во туризмот во 2010 година, награда, која во Македонија, единствено ја понесе хотелот „Силекс“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top