Пристигнаа вакцините за сезонски грип

Центарот за јавно здравје подготвен за имунизација на населението против сезонски грип. Пристигнаа 2500 вакцини, но доколку има потреба ќе се набават уште, вели директорот на центарот за Јавно здравје Атанаско Михаилов.

 |  Татјана Маленкова  | 
vakcini
вакцини

Atanasko MihailovЦентарот за јавно здравје подготвен за имунизација на населението против сезонски грип. Пристигнаа 2500 вакцини, но доколку има потреба ќе се набават уште, вели директорот на центарот за Јавно здравје Атанаско Михаилов.

„ Секоја година центарот за јавно здравје врши заштита на населението од сезонски грип. Пристигнаа 2 и пол илјади дози. Со вакцинирање започнуваме од 12 октомври. Имаме доволна количина на вакцини“, истакна– директор на центар за Јавно здравје, Атанаско Михаилов.

Михаилов потврди дека имунизацијата во цела Македонија  и годинава ќе се врши со Кинески вакцини, но тој тврди дека истите се проверени и со одличен квалитет.

„Знаете како во бизнисот со лекови постои ривалство. Вакцината ние ја користиме години наназад таа е покажана и докажана. Досега не се случило некој да се пожали на некакви проблеми“, вели Михаилов.

Вакцинирањето на населението се спроведува во овој период од годината затоа што вирусот токму на вакви големи температурни разлики и влажен период најмногу се размножува. Имунизацијата на населението ќе започне на 12 окотомври, а цената на вакцините е унифицирана од страна на министерството за здравство на РМ и чини 400 денари.
Од центарот за јавно здравје посебно апелираат да се вакцинираат ризичните групи на луѓе или хронично болните со респираторни проблеми, дијабетичари, срцево болните, старите луѓе во поодмината возраст, како и сите со намален имунитет и оние кои постојано се во контакт со можни носители на вирусот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top