Учениците македонци си заминаа од настава, бидејќи не сакале во иста смена да учат со нивните соученици-албанци.
Средношколците македонци од „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ си заминаа од клупите. Самоволно и без најавен протест ја бојкотираат наставата, бидејќи како што велат, директорите на училиштата не ги оствариле ветувањата. Пред повторно да настанат меѓуетнички конфликти, учениците македонци бараат да се делат од албанците. Тврдат дека тензиите би биле не избежни. Денес од настава си заминаа само дел од паралелките. Првите луѓе на двете училишта сметаат дека бојкотот е инициран од група ученици кои очигледно немаат воља за учење. Директорите рекоа дека имаат информации кои се организаторите на протестот и оти против истите ќе бидат превземени строги казни. Без разлика колку од учениците се вмешани во иницирањето на бојкотот, истите ќе се снкционираат, нема прогледување низ прсти, велат директорите.
Денеска градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и раководителот на одделението за образование, Џејми Хајредини, беа на средба со министерот за образование, со цел да го информираат за состојбата во средношколските комплекси. Во текот пак на денешниот ден, класните раководители свикаа родителски средби. Додека надлежните бараат начини како да ги вратат учениците македонци во училишните клупи, средношколците за понеделник најавија генерален штрајк.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град