Од МПЦ велат дека земјиштата околу Охрид, како оној на „Свети Наум“ вредат околу 12,5 милиони евра, иако се смета дека нивната вредност е далеку поголема.
Митропилитот Дебарско-Кичевски, владиката Тимотеј вели дека процесoт на денационализација е спор, посебно кога станува збор за исклучително вредни имоти, кои доколку и бидат вратени на црквата значително ќе ја подобрат нејзината економска положба. Еден од имотите од кој на државата и е тешко да се ослободи е атрактивниот манастирски имот на „Свети Наум“. Станува збор за 2.770 хектари пасишта, шуми, но и дел од планината Галичица. Во минатото поседувал и дел од езерото. Црквата тврди дека целото езеро од храмот „Света Богородица Заумска“ се до манастирот бил имот на „Свети Наум”.Инаку овој голем манастир, пред национализацијата поседувал имоти и во Албанија. Митрополитот Тимотеј кажа и за останатите економски важни имоти кои исто така многу вредат и заслужуваат особено внимание, а тоа се имотите на црквата „Сисвети“ во Дебрца, како и оној на црквата „Св.Спас“ во Долно Лакочереј кој изнесува околу 500 хектари шума и земјиште. Што се однесува до црковните имоти во градот Охрид, тука ситуацијата е малку поразлична. Катедралниот храм „Света Софија” во центарот на Охрид нема ниту еден метар квадратен земја надвор од својот двор. Иако била и престолна црква на Охридската архиепископија, „Света Софија” ќе мора да се задоволи само со фактот дека и е вратена на МПЦ. Што се однесува до големината на имотот на црквата Св.Богородица Перивлепта, тука ситуацијата е поинаква.
Брегалничката епархија на МПЦ, пак, успеала во изминатите години да си врати повеќе од 90 отсто од имотите, што е најголем успех. Под терминот „враќање на црковните имоти“ државата ги подразбираше само црковните објекти и манастирските конаци. Но, откако во 1998 година Собранието на Македонија го донесе Законот за денационализација на имотите одземени по 2 август 1944 година, МПЦ отвори неколку стотици процедури за враќање на целокупниот црковен имот – планини, шуми, пасишта, згради, училишта, полиња, ораници, овоштарници, дуќани. Од Синодот уверуваат дека доколку во целост се спроведе враќањето на сите имоти што некогаш им припаѓале на црквите и манастирите, во тој случај МПЦ ќе може да си организира сопствено стопанство.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град