Охрид доби aнглиска библитека

Свечено отворена Англиската библиотека во Охрид. Над 2500 книги за деца и возрасни секојдневно бесплатно ќе им бидат достапни на членовите на Црвениот крст.

 |  Татјана Маленкова  | 
knigi
книги

„ Поновата детска литература е снабдена преку гранд на USAID и преку мировниот корпус во Македонија.Тој гранд се искористи да се набави литература за деца. Идејата да биде оваа литература за деца е затоа што сакавме да им го претставиме англискиот јазик на децата и иако тие не зборуваат јазикот во оваа литература има толку убави слики да гладаат и приказни да се читаат, а тоа ќе може да го направат и дома“, вели Карен Шон, волонтер мировен корпус во Македонија.

Шон вели дека првично биле заинтересирани да донираат и друга англиска литература за деца, но по согледувањето на фактот дека Охридскиот црвен крст веќе располага со ваква литература донирана од друга хуманитарна организација се откажале и го набавиле она што недостасува.

Англиски библиотеки слични на охридската во Македонија има неколку, но скоро сите се направени благодарение на американската амбасада, преку Амерички корнер. Библиотека од овој тип како оваа во Црвениот крст е една и единствена.

Англиската библиотеката е отворена од понеделник до петок од 10 до 15 часот.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top