Ново поле за соработка

Меѓу Македонија и Хрватска покрај добрата соработка на политичко поле, се отвара можност за соработка во стопанството. Охрид доби бесплатен штанд на големиот Меѓународен саем „Вироекспо“.

 |  Билјана Николовска  | 
delegacija
делегација

delegacijaОхрид обезбеди гратис штанд на Меѓународниот саем за економија занаетчиство и земјоделство “VIROEXPO 2011” кој ќе се одржи од 21 до 23 јануари наредната година во Вировитица, Р Хрватска. Како претходница на оваа покана денес во Охрид престојува висока делегација на Вировитичко-подравската жупанија. Градоначалникот Александар Петрески рече дека добрата соработка со Хрватска се повеќе се потврдува и веќе се отвора ново поле за голема соработка во областа на стопанството. Петрески и овој пат не ги заобилколи укажувањата до Владата за патната инфреструктура која според него мора под итно да се подобри, за поуспешна соработка со земјите од регионот.
Посетата на делегацијата е на заедничка иницијатива на македонското и хрватското министерство за надворешни работи, рече амбасадорот на Р. Хрватска во Р. Макеоднија Иван Кујунџиќ. Тој рече дека цел на денешната средба е продлабочување на соработката не само во политичка сфера туку и во стопанството.
Заменикот на Вировитичко-подравската жупанија Здравко Дијаковиќ, рече дека денешниот состанок бил во насока како стопанството и стопанствениците на двете земји што подобро меѓусебно се поврзат и да се отвори политиката во оваа сфера.
Засоволни од состанокот се и охридските стопанственици. Тошо Чочороски менџерот на Силекс вели дека оваа средба била мошне корисна.Тој додаде дека и презентациите за двата града Охрид и Вировитица биле успешни.
Високата хрватска делегација задоволна од домаќините. Тие ветија дека се ќе направат на нашата земја да и овозможат најдобро да се претстави на престојниот Меѓународен саем кој ќе се одржи во Хрватска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top