Виолета Илиевска 28 години е одделенски наставник во ОУ „Св.Климент Охридски“. За својата професија вели ја остварив мојата детска желба и никогаша не би ја менувала. Љубовта кон просветата им ја пренесував и на моите ученици додава Илиевска. За генерациите ученици кои поминале низ нејзината долгогодишна кариера нагласува дека заедничко за сите ученици е желбата за знаење и успех.
Денес ОУ Св.Климент Охридски го одбележа меѓународниот ден на просветните работници. Со песна, игра и рецитација учениците од училиштето ја покажаа почита кон своите сегашни и некогашни учители. Директорот на училиштето Славица Илиќ зборуваше за положбата на наставниот кадар. Истакна дека просветните работници се почесто се чувствуваат понижени и на маргините на општественото живеење и бараат поголема грижа од заедницата. „Општетсвото треба да поведе повеќе сметка за постојано образование на наставниот кадар за да се справи со се поголемите барања во новиот милениум. Квалитетните наставници, оние кои не се штедат во воспитно образовниот процес треба да се стимулираат и наградуваат истакна“, меѓу другото Илиќ.
5 октомври како Меѓународниот ден на просветните работници е прогласен од страна на Унеско во 1993 година. Во Македонија се одбележува по 9 пат, а основното училиште Св. Климент Охридски го одбележува трета година по ред.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град