Ќе останеме ли без највредните икони?

Повеќе од алармантна е состојбата со безбедноста на движниот црковен имот. Се губи трагата на едни од највредните македонски сахрални предмети, иконите.

 |  Крсте Голабовски  | 
sredba
средба

krazba na ikoniСе позачестен е бројот на кражби на ова наше единствено културно наследство, посебно од црквите во руралните средини. Само пред две недели од црквата Свети Атанасиј во Луково струшко, беа украдени 21 икона. Иконите кои се украдени се насликани од синот на Дичо Зограф, Аврам, последен живописец на икони на овие простори. Најстрашното е што ова не представува изолиран случај. Минатата година само за еден месец исчезнаа 42 икони цркви во овој регион. Мети на крадците беа иконите од црквата Св.Никола во Вевчани, отаму исчезнаа 4, од црквата Св.Архангел Михаил во селото Ташмаруништа 9, потоа неколку икони од Св. Богородица од Долна Белица итн. Не се поштедени ни црквите од неколку села на Охридското и Кичевското подрачје, како црквата „Св.Ѓорѓија“ во селото Модрич, црквата „Св.Ѓорѓија„ во селото Злести “ како и „Св.Никола„ и „Св.Варвара“ во селата Горно и Долно Добреноец. Директорот на Музејот од Струга, Доц.Д-р Сашо Цветкоски, вели дека мината година интензивно преговарале во врска со оваа проблематика, со црковните одбори, Заводот за заштита на споменици на културата, Митрополијата, но не е задовлен од фидбекот кој го добиле со црковните одбори.
sostanok
Цветкоски смета дека црковните одбори не функционираат како што треба и додава дека комуникацијата мора да се оствари со повисоките инстанци. Директорот на струшкиот музеј потенцира дека како установа од нивна страна се направени сите обиди во сферата на заштита на овие сахрални предмети, но дека вистинската надлежност за нивната заштита е во рацете на Заводите за заштита на споменици на културата.

Од МПЦ повторно ветувања. Владиката Тимотеј, митрополитот на Дебарско-кичевската и на Повардарската епархија, кажа дека се превземаат конкретни чекори, но дека се потребни малку повеќе од 24 часа за реализација на постапката. Митрополитот потенцира дека црквите во градските средини и сахралните предмети во нив, воглавно се обезбедени, но што се однесува до црквите во руралните средини, потребни се малку поразлични методи од оние конвенционалните, како што е на промер поставувањето на видео надзор.

Митрополитот Тимотеј истакна дека на последната седница на Светиот архиерејски синот, била донесена одлука за отпочнување на процес за  дислокација на иконите посебно од црквите лоцирани во места каде нема активно население и нивно понатамошно сместување во обезбедени и добро заштитени  депоа, во градските средини, за кои се задолжуваат архиереите на МПЦ. Исто така тој ја нагласи и потребата од продолжување на мерките на Полицијата за заштита на црквите и другите верски објекти како и натамошно едуцирање на Црковните одбори и месното население како најдобари бранители на црковниот имот. Единствен конкретен превентивен чекор е иницијатива на Синодот на МПЦ и Министерството за Култура на РМ, за изготвување на дигитални копии односно верни копии на оригиналите на највредните и бесценетите икони. И додека релевенатните институции способни да преземат конкретни чекори, се консолидираат и координираат во своите напори во борбата со овој навистина голем проблем, чертворицата албански државјани строители на вакво дело и обвинети од страна на Основниот суд во Струга, добија само два месеци затворска казна, која веќе е помината.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top