Интригантни прашања без одговори

Се затајува ли проблемот со безбедносната состојба во Струга, со дивите шанкови и нелегално поставената урбана опрема? Седниците во Струга сведени на интригантни прашања, без одговори. Советниците упорно пред секоја седница со куп прашања до локалната администрација и до градоначалникот Рамиз Мерко, но за возврат добиваат ветување дека одговор ќе добијат на некоја наредна седница.

 |  Билјана Николовска  | 
Ramiz Merko
Рамиз Мерко

sednica na Sovet StrugaИ после повеќе од година дена работа, Советот на општина Струга работи во тензична и конфузна атмосфера. Бројните советнички прашања, предлози, заклучоци, остануваат без одговор. На 18 тата седница беше најавено дека јавно ќе се говори за безбедносната состојба во Струга, но од тоа, само изјави, без конкретен епилог. Советникот од ЛДП Сретен Бандоски рече дека во Струга, јавна тајна е оти на секој чекор се издаваат дозволи за работа на објекти кои не се безбедни. Тој додаде, доколку се продолжи со вакво темпо, безбедносната состојба во градот ќе биде до тој степен нарушена што може да се очекуваат и поголеми трагедии. Бандоски рече дека мора под итно да се преземат мерки како би придонеле да се зголеми нивото на безбедност на граѓаните во Струга и да се види како се издадени дозволи за фамозните шанкови и урбаната опрема.
Илија Мацески од советничката група на СДСМ, запраша дали на повидок е остварување на договорот помеѓу ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ кој јавно беше кажан од страна на екс претседателот на владејачката партија Славко Котески, дека плажите во Струга ќе се делат со договор во четири очи по етничка основа. Мацески рече дека нивната советничка група била мајоризирана во сите пристапни начини да се дејствува врз одлуките на Советот. Тој порача дека во иднина, во Струга, мора да се изнајде начин да се живее безбедно и сигурно.
Без конкретен став во врска со немилите настани и безбедносната состојба во градот е Славица Секулоска советничката од ВМРО – ДПМНЕ, која беше иницијатор за да се дополни дневниот ред со точка: добивање информација за тоа каде е поставена урбаната опрема.
Хаосот во повеќе сфери во општина Струга, Мерко го препишува на судбината. Последниот настан заради кој се покрена одговорност и до локалната и до централната според Мерко е чиста состојба. Тој рече дека завршен збор за тоа ќе имаат судските инстанци, што впрочем според градоначалникот била нивна работа.
Осумнаесеттата седница на Советот на општина Струга покрена повеќе проблеми. Советниците очигледно со душа го чекаа присуството на градоначалникот на седницата за да му ги сервираат сите проблеми, за кои Мерко има само еден одговор, дека се што работат е во рамките на законот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top