Контадор:„Месото е виновно за позитивниот тест“

Трикратниот освојувач на најпрестижната велосипедска трка во светот, „Тур д`Франс“, Алберто Контадор, вели дека контаминирано месо е причина за неговиот позитивен допинг наод.

 |  Маја Савиќ  | 
Alberto Kontador
Алберто Контадор

Alberto KontadorВо анти-допинг лабораторијата во Келн, на тестот кој бил направен на 21 јули во урината на Контадор пронашле „многу мала“ количина на забранетата супстанца кленбутерол.

„Ова со што сега се соочувам е јасен случај на контаминација со храна“, рече на денешната прес конференција, која ја организираше во својот роден град Пинто, Алберто Контадор.

Шпанскиот велосипедист меѓудругото рече дека месото го консумирал за време на денот предвиден за одмор. Тој тврди дека поплаки на хотелската храна имало од целиот тим кој бил сместен во хотелот во Франција. Времената суспензија која му ја изрече Светската велосипедска федерација, Контадор ја нарече „вистинска грешка“.

Супстанцата кленбутерол спортистите ја користат за намалување на мрсното ткиво и зголемување на мускулната маса, но тој има и кус ефект како стимуланс, поради што и се најде на листата на забранети супстанци.

Позитивниот допинг тест на еден од најдобрите велосипедисти на сите времиња е голем удар за овој спорт, кој со години води вистинска војна со допингот.

Скандалот со Контадор во сенка го фрли и Светското првенство во велосипедизам кое се одржува во Австралија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top