Знаење и креативност во образованието

Идните професори од педагошките факултети од земјава, покрај задолжителната професионална пракса ќе имаат можност да се стекнат со дополнителни знаења кои ќе им бидат потребни за работа во мулти етнички средини.

 |  Крсте Голабовски  | 
ucenici
ученици

Uciteli120 студенти, како и млади дипломирани наставници од педагошките факултети од Скопје, Тетово, Штип и Битола како и од Институтот за социјална работа во Скопје, ќе се стекнат со дополнителни знаења за работа во мултиетнички средини. Станува збор за петдневна обука во организација на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје во соработка со педагошките факултети во земјата. Ханс Шустер, од образовниот тим на ОБСЕ информира дека после дипломирањето, младите професори немаат многу искуство во работењето со деца од различни етнички средини како и деца од маргинализираните групи.

obukaКако дел од обуката е и практичната работа, надвор од едукативниот систем, која е признаена од сите педагошки факултети од земјава. Сега, покрај задолжителната општа практична работа, студентите ќе може да ја изберат и оваа, која во голема мера ќе им помогне во следењето на развојот на децата во поголемите одделенија, додава Шустер.Асистентот на државниот Универзитет од Тетово, Куштрим Ахмети, вели дека со ова идните професори ќе добијат многу повеќе од она што го добиваат од образовниот систем сега.

Идните професори ќе имаат можност да работат со групи на мал број на деца. На крајот од обуката, студентите ќе добијат сертификати за тоа со колку деца работеле и колку наставнички часа поминале со која старосна група. Обуката е во организација на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје во соработка со педагошките факултети во земјата, Министерството за образование и наука, како и Германската амбасада во земјата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top