Статистичките податоци од општинскиот комунален инспекторат и официјално го потврдија годинешното потфрлување на туристичката сезона Лето 2010. Оствaрените 290.000 ноќевања во оваа сезона покажуваат намалувања на реализираните ноќевања на постеителите и во хотелите и во приватното сместување. Споредбата на податоците од изминатите две години покажува тенденција на опаѓање на туристичката посетеност на Охрид . Загрижува фактото што во последните три години податоците покажуваат дека Охрид ги губи туристите. Така, во 2008 година посетителите во Охрид реалирале 373.000 ноќевања, додека во 2009, пак, оствариле 358.000 ноќевања истакнува раководителот на инспекторатот, Танас Танасоски. Помал број на ноќевања значи и помалку пари во општинската каса по основ на прибирање на туристичката такса.
Во општинскиот буџет по основ на прибирање пари од туристичкаат такса за оваа година планирани се во касата да се слеат 20 милиони денари, но со падот на посетеност на туристи ќе има и помалку пари од планираното.
Бројките покажуваат дека годинава од хотелите се наплатени нешто повеќе од 6 милиони денари, а од приватните станоиздавачи само 950.000 денари . Тоа покажува дека има прикривање на туристичката такса укажува Танасоски и сите затајувачи ќе бидат санкционирани.
Според податоците од годинешниете остварени 290.000 ноќевања, во поголем број отпаѓаат на домашните посетители кои оставриле 172.893 ноќевања, а странците 117.619 ноќевања.
Добиените податоци се загрижувачки, за кои треба да реагираат надлежните институции. Иако, се укажува на сите проблеми кои години наназад го кочат напредокот на туризмот работите сепак одат во надолна линија. Од година во година се провлекуваат добро познатите, стари проблеми на кои никако да им се стави крај. Останува да се следи реакцијата на надлежните во нивното справување.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град