Нарушена безбедносната стабилност во земјава

Во моментов Македонија нема безбедносен стабилитет и на многу полиња е нарушена безбедноста вели Проф. д-р Јордан Спасески.

 |  Валентина Неловска  | 
bezbednost
безбедност

Во моментов Македонија нема безбедносен стабилитет и на многу полиња е нарушена безбедноста вели Проф. д-р Јордан Спасески. Полицијата врши тешки и сложени задачи и таа е столб на безбедносниот систем. Иако безбедноста во целина не зависи само од активностите на полицијата, сепак таа во голема мера има удел во ова сфера укажува Спасески. Во безбедносниот систем во полицијата се примаат луѓе кои се оспособуваат по пат на курсеви и семинари додава Спасески. Полициската академија пак ја заврши 3-та генерација едуциран кадар од кој не е вработен ниту еден. Тоа покажува дека во безбедносниот систем се примени кадри кои не се доволно оспособени или не се во состојба реално да ги проценат ситуациите и да постапуваат како што е најдобро, објаснува професорот Спасески.
Државата сака со строги мерки и казни да воведе ред, но очигледно со тоа тешко се воспоставува ред и стабилност смета Спасески. Негова препорака е државата  да го  преиспита безбедносниот систем. Не со казни туку со превенција и јакнење на безбеднсоната култура да создава коректни граѓани ослободени од страв. Во врска со деновиве актуелното прашање кој треба да го поставува началникот на општинската  полиција, Спасески смета дека првиот полицаец треба да се поставува во соработка помеѓу локалната самоуправа и министертсвото за внатрешни работи.
„Во оваа смисла би требало да се зборува за комунити полиција каде што советот на  општината ја има решавачката улога кој да биде избран, а во согласност со Министертсвото,  не е добро советот да не биде прашан и консултиран“ тврди професорот.
Ваквото мислење на Спасески се совпаѓа со ставот на Градоначалникот Петрески кој вели дека локалната треба да има ингеренции и во спроведувањето на јавниот ред и мир.
Инаку, Охрид е домаќин на  меѓународна конференција од областа на безбедноста. Учествуваат  40 научни работници со свои трудови  од областа на безбедноста од Македонија, Романија и Србија.
Научните работници ќе дискутираат на неколку теми,  зголемување на безбедносните проблем од областа на безбедноста, екологијата, криумчарење со оружје, дрога и луѓе.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top