Ни безбедносната состојба во Охрид не ги соедини советниците

Советниците од СДСМ и НСДП и командирот на полициската станица од Охрид, различно гледаат на безбедносната состојба во Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
Komandir Petreski
Командир Петрески

Komandir PetreskiДодека едните бараат нешто да се превземе околу безбедносната состојба, командирот на ПС Добре Петрески, презентирајќи статистички податоци тврди дека во споредба со минатата година, Охрид е побезбеден. Тој обвинувањата дека Охрид се соочува со вакви проблеми поради неговата недоволна ангажираност ги дематира.

„Љуѓе нестручни во правото да делат коментари дека командирот е нестручен ги сметам тенденциозни. Ќе го потсетам советникот од НСДП дека во казненото право има фрагментарен карактер“, вели командир на ПС Охрид, Добре Петрески.      

На овие обвинувања веднаш реагираше советникот од НСДП, Верица Хајба, која тврди дека во Охрид, немаше да се случат вакви настани, доколку во полицијата немаша партиски војници.

„Му благодарам на командирот што ни подели лекција. Подобро вие да ги прочитате закони. Нема вашето обраќање, да го сватам како закана“, вели советник НСДП, Верица Хајба.

Хајба додава дека за жал образот на балканскиот бисер, по овие настани не е повеќе бел.„ Нити ние сме безбедни, нити пак пораката е чиста која ја испраќаме до туристите, дека сме безбеден град“.

Советникот на СДСМ, Томислав Тунтев  вели дека локалната власт мора да види каде лежи проблемот за настаните кои придонесоа за паѓање на рејтингот на Охрид, како туристича дестинација. Тунтев тврди дека полицијата се ангажира само во одредени ситуација, а не постојано.

„Се сеќевам на посетата на литванскиот претседател на Охрид, кога целото централно градце беше преплавено од полиција. Тогаш немаше ниту еден автомобил на улицата Илиндинска. Сите констатиравме дека така треба и да биде, но за жал тоа беше само тогаш. Од тој ден јас поличаец во стариот дел на охрид не видов“, додава Тунтев.

sednica

Конечно исклучително важно прашање за Охрид на седница на совет, вели координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски. Точно е дека во овој момент епитетите на Охрид со кои се фалиме ја промашија суштината и доведоа до деградација и потсмев. Оваа ситуација не е само поради еден случај, убиството на српскиот турист, туку тоа е резултат на многу настани кои се случуваат поради хаосот кој владее во Охрид, додаде Паноски.

„Затоа сите проблеми треба да ги бараме во локалнат самоуправа“, вели Паноски.

Градоначалникот Александар Петрески и на денешната седница го повтори својот став дека лошата комуникација помеѓу централаната и локалната власт наместо да се подобри се влошува.

„Знам дека во присуство на премиерот биле повикувани инспектори и од нив било барано да пронајдат ешто за мене. Се знам, само да знаете тоа не ме плаши“, вели градоначалникот.
Петрески излезот од оваа ситуација го гледа исклучиво доколку му биде дадена можност тој како прв човек на Охрид да го поставува првиот човек на полицијата. Оваа пракса е секаде во светот. Само на тој начин може да ги детектираме проблемите и заедно да ги решиме, додава градоначалникот.  Петрески уште вели  дека не се плаши да ја превземе одговорноста околу безбедноста на Охрид. Додава дека ќе се грижи и за  безбедноста на патниот и водениот сообраќај, доколку му се даде можност.

Инаку денеска советниците ја одржаа 23 тата седница и дискутираа само на две точки. Информација за нарушен јавен ред и мир во ноќен клуб „ Куба Либре“- Охрид
Предлог  Одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top