Во Охрид деновиве се појавија „лажни доктори“ чии жртви се повозрасни лица. Дознавaмe дека нуделе медицински услуги, влегувајќи во домовите на охриѓани.
„Најверојтно прават списоци на пациенти кои биле оперирани во Скопје во Филип II и одат по домовите се легитимираат со лажни легитимации се преправаат дека се лекари и за тоа им земаат големи суми на пари. Пацинтите веруваат, а средствата кои ги даваат за прегледи се помеѓу 3 и 6000 денари“, вели портпарол на општа болница д-р Сашо Василески.
Василески апелира до граѓаните да не им веруваат на таканаречените „Лажни доктори“. Тој вели дека ќе направат се` за да го заштитат докторскиот еснаф.
Од СВР потврдуваат дека во два наврати измамени пациенти пријавиле ваков случај кај нив. Портпаролот Стефан Димовски вели дека од измамените граѓани добиле многу штури информации за настанот што е отежнувачка околност за СВР за откривање на овие лица.
Во извештајот на СВР стои дека две девојки кои се претставувале како дел од тим на лекари на многу познат кардиолог од Скопје ги прегледувале измамените граѓани и за одреден надомест ветувале вметнување на списоците за специјални и вонредни прегледи во Скопје.
Контактиравме и со Специјалната болницата по хируршки болести Филип Втори во Скопје. Портпаролот на болницата Искра Ребат вели дека за случајот дознава од нас и дека мора да се консултира со раководните лица во болницата за да излезат со официјален став, но додава дека нема да дозволат името на оваа врвна клиника да го извалкаат измамници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град