Честит Рамазан Бајрам

Денес муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам, еден од двата најзначајни празници во исламот.

 |  Крсте Голабовски  | 
dzamija
џамија

dzamijaДенес муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам, еден од двата најзначајни празници во исламот. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување.
Денес, припадниците на муслиманската вероисповест го слават Рамазан Бајрам. Ова е празник кога богатите муслимани помагаат на сиромашните, кога во кругот на семејството меѓусебно си посветуваат внимание и благодет, во заеднички молитви, си ги простуваат грешките и се радуваат на убавината на животот. Самиот празник е строга должност – фарз на секој муслиман. Ерол Шех кажа дека по триесетдневниот рамазански пост, следува Рамазански Бајрам кој се смета за голем празник во исламот. Шех потенцира дека почетокот на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад,
Празникот се честита  прво на најстарите (им се целива рака), а потоа на останатите. Помладите секогаш одат кај постарите.За славењето на денот се приготвуваат и служат традиционалните бајрамски јадења  Празникот се слави 3 дена и за цело време се оди на честитање.
Рамазан е еден од петте столба на Исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови – милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии – духовна, морална, солидарна и здравствена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top