Со свечена литургија со која чиноначалствуваше Aрхиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, денеска беше означен почетокот на изградбата на комплексот „Светиклиментов универзитет“, на Плаошник во Охрид.
Со свечена литургија со која чиноначалствуваше Aрхиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, денеска беше означен почетокот на изградбата на комплексот „Свети Климентов универзитет“, на Плаошник во Охрид. Камен темелникот го постави премиерот на Р Македонија Никола Груевски, кој изрази задоволство што активностите за овој универзитет започнуваат точно на одбележувањето на 19-годишнината од независноста на Република Македонија.
„Целиот комплекс е предвидено да биде изграден до крајот на 2014 година. Финансиските средства за неговата изградба ќе бидат обезбедени во рамките на капиталните проекти на Владата на Република Македонија финансирани директно од државниот Буџет во повеќе буџетски години“, истакна премиерот на Р Македонија Груевски.
На денешната свеченост присуствуваше и министерот за култура Елизабета Камческа Милеска. „ Денешниов ден е историски чин на Охрид, лигитимниот наследник на светиот Лихнид, жариштето на Словенската писменост и култура. Од денес археолошкиот локалитет на Плаошник добива нова ера, отвора нова страница од житието на Словенската култура“, истакна во својот говор пред присутните министерката за култура Камческа Милеска.
Пријатно изненадување на денешната свеченост беше присуството на градоначалникот на Охрид на оваа свеченост. Петрески за ТВ М истакна дека се што се гради е добро за Охрид и дека локаланата самоуправа ќе подржува секаков проект кој е во интерес на светиот Охрид.
„ Ние можеме да спориме околу приоритетите меѓутоа секоја работа што се прави во Охрид е добра и ја поддржуваме“, истакна градоначлникот Александар Петрески.
„Крајната цел на изградбата на Универзитетот на Плаошник е да го спои Св Климетовото време со 21 век и да го возобновиме сакралното и световното“, истакна директорот на управата за културно наследсто Паско Кузман.
Универзитетскиот комплекс ќе функционира редовна конзерваторска школа, со професори од признати светски универзитети, музеј на почвата на Плаошник во кој ќе бидат презентирани богатите наоди на самиот археолошки локалитет, богата Светиклиментова библиотека со стартни сто илјади наслови, седиштето на Галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, посебен монашки простор наменет за свештени лица, афилијации на светски универзитети, како и Светиклиментова градина како место за одмор и креативна инспирација.
Комплексот е планирано да биде изграден до 2014 год.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град