Нов скандал на Локалната, подржан од градоначалникот Петрески, обвинуваат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Овој пат станува збор за како што велат, од редовите на ВМРО,скандалозен тендер за набавка на екрани со допир.
Нов скандалозен тендер на Локаната од Охрид, и овој пат поддржан од градоначалникот Александар Петрески, обвинија денес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Овој пат станува збор за јавна набавка на информативни пултови со екрани на допир-Touch screen. Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ јавно запрашаа од каде се наметна потребата за јавна набавка на вака скапа опрема, по која програма е распишана јавната набавка и од која стапка на буџетот ќе се исплатат средствата за оваа јавна набавка?
„Зошто во услови на еконмска криза беспотребно се трошат 60,0000 до 70,0000 евра, пари на граѓаните на Охрид? Дали со ова сакаат да не потсетат на аферата со проектот „Духот на Охрид“ илис е работи за подлабоки коруптивни моменти? Зарем корупцијата при носењето на урбанистичките планови не име доста? Прашуваме дали повторно градоначалникот Петрески ќе се крие зад своето недолично однесување и навреди како обид за алиби?“, запрашаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Портпаролот Мојсоски информира фактите говорат дека Охрид не е блокиран од никој друг туку, само и единствено, од манипулациите на Градоначалникот Петрески и од неодговорноста на локалната власт. Ние сме одлучни да го блокираме токму незаконското и коруптивното управување со Охрид од страна на локалната власт. Мојсоски му порача на градоначалникот Петрески дека ќе биде разобличен и нема да ја избегне одговорноста.
Овој втор тендер инаку доаѓа после огласот за добивање договор за јавна набавка на информативни пултови со екран на допир, кој беше објавен во јули месец со рок на аплицирање до 9.август годинава, беше поништен поништен заради пропусти и неправилности во тендерската документација, соопшти локалната самоуправа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град