Во Македонија се гради со квалитетни материјали, а тоа значи дека имаме цврсти и убави градби. Спротивно на ова, стручните лица тврдат дека новите градбите кои се градат поготово во стариот дел на Охрид претставуваат посебна приказна или експеримент.
„ Станува збор за промоција на материјали со светски квалитет. Во Македонија во овој период локални инвеститори употребуваат локалани алуминиумски и друг вид на материјали. Но кога има инвеститор од Европски пазар, тој бара да работи со европски материјали“, вели генерален менаџер на Тетрактис, Кристијан Јорданов.
Јорданов е еден од организаторите на на вториот симпозиум на архитектура во Македонија за алуминиум и стакло. Тој вели дека целта на оваа средба на преку 120 архитекти од светот во Охрид, е за да се презентираат најновите технологии и современи матријали кои се користат во градежништвото.
На конгресот во Охрид има учесници од Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Косово, Словенија, Германија и Јапонија. Организатор на овој настан е компанијата за архитектура, урбанизам и инжињеринг Тетракис, Скопје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град