Дваесет и пет хектари земја наменети за индустриска зона во Струга. За ова земјиште уште во декември минатата година донесен е ДУП и истиот е усвоен. Се работи за земјиште кое се наоѓа од десната страна на магистралниот пат Охрид – Ќефасан и за кое општина Струга издаде 40 маркици. Се чека само Министерството за транспорт и врски да распише тендер, вели првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко.
Но, Мерко ветува и слободна економска зона која ќе опфаќа тројно повеќе хектари земја. Имено на тоа се работи повеќе од три години. Првичната локација јужно од коридор 8 не била прифатена од страна на Министреството за екологија заради изградбата на каналите, така што 80 хектари земја доделени се северно од коридор 8 во непосредена близина на Струга, вели струшкиот градоначалник. Мерко очекува за брзо време поставување на камен темелник на оваа слободна економска зона.
Мерко кажа дека општина Струга е едно од најинтересните подрачја во Македонија. Како главна причина за тоа ја потенцираше близината на пристаништата Драч и Солун. Тој додаде дека фирмите од Албанија заради близината со граничниот премин покажувале голем интерес за јавно приватно партнерство и влез во слободната економска зона.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град