„Не даваме вода“. Ова е реакција на група револтирани жители на ул „Момчило Јорданоски“ кај болнички комплекс. Тие јавно го кренаа гласот против Oпштина Охрид, и обвинија дека Локалната на своја рака превзема зафати од комунална сфера, од што тие ги сносат последиците.
Љупчо Гаревски го пренесе ставот на жителите од овој дел на градот. Тој потенцира дека се навлегува во приватен имот каде општината не ги имала до крај расчистено работите со експропријација на земјиштето. Гаревски рече дека немаат ништо против приклучок на вода во станбените згради, но тоа да небиде по цена тие да останат без капка вода. Тој смета дека МЈП „Проаква“ овој зафат го прави нестручно.
„Македонецот не може без проблеми и мора нешто да искрсне за да се создаде гужва и незадоволство“, вака реагира Милисав Маркоски жител кај болничкиот комплекс. Тој се пожали дека недоволниот проток на вода во овој дел од градот го детектирале и туристите.
Оваа тензична состојба ја смирува првиот човек на „Проаква“, Бранислав Трпчески. Тој рече дека вакви реакции се непотребни и не држат место. Трпчевски изјави дека зафатот што го прават на тој потег е по налог на Одделението за комунален развој и дека работите се јасни како ден.
Трпчевски рече дека овој зафат е во рамките на нормалните активности на ЈП и дека работите ќе течат континуирано. Нивната цел била во населбата кај болничкиот комплекс, граѓаните да имаат доволно количество вода дури и двојно повеќе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град