Пасивно општинското тело за безбедност во сообраќајот

И по една година од кога локалната самоуправа го формира Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот досега  не одржало седница. Како и за се останато што не функционира во државава така и за овај проблем постојат оправдувања, а одговорност не сноси никој.

 |  Валентина Неловска  | 
soobrakaj
сообраќај

soobrakajИ по една година од кога локалната самоуправа го формира Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот досега  не одржало седница. Како и за се останато што не функционира во државава така и за овај проблем постојат оправдувања, а одговорност не сноси никој. Инаку, во ова тело членуваат 12  експерти од повеќе институции со задача да придонесат за поголема  превенција на сообраќајната безбедност во градот. Одговор за ваквата пасивност на ова тело побаравме од претседателот Томислав Тунтев. Тој потврдува дека општинскиот совет за безбедност во сообраќајот досега не одржал ниту една средба. Причината ја лоцира во административните  пропусти на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од јуни минатата година до крајот на ноември, шест месеци  чекавме согласност за  листата на членовите, објаснува Тунтев. А, останатите пропуштени претходни шест месеци тој ги правда како загубено време кое ги попречило сериозно  да започнат со активности со кои се стартува на почетокот на школската година.
„Игнорантскиот однос на Републичкиот совет ме натера да се замислам зошто не постои комуникација меѓу двете тела вели Тунтев. Од нивната веб страна мислам дека станува збор за недоречености и дека и тие самите немаат  посебни активности“.
Според Тунтев дел од проблемите произлегуваат и од измените во надлежностите опфатени со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Со измените општината не мора да ги формира Општинските совети за безбедност, а  Ребупличкиот совет нема законска обврска да ги финансира како досега. Таа  обврска ја презема локалната самоуправа со втората фаза на децентрализација. Првиот човек на ова тело додава дека „не се работи за финасиски средства, таа обврска је презеде локалната  самоуправа и издвои средства за преземање активности на време“.
Во телефонски  разговор  портпаролот на Репупличкиот совет за безбедност во сообраќајот Тоше Јанев посочи дека една од функциите на ова тело е воспоставување  линк помеѓу локалната самоуправа и полицијата за решавање на критичните сообраќајни проблеми. Дали во општинскиот случај е нерушена таа соработка Јанев  одби да коментира.  Претседателот на  општ.совет за безбедност во сообраќајот Тунтев, пак  тврди дека со нефункционирањето на општинскиот совет за безбедност не е нарушен  линкот помеѓу нив и полицијата. Како пример за тоа го посочува изготвувањето на летниот режим за сообраќај.
Инаку, претседателот на ова тело најавува амбициозни планови кои се надеваме дека ќе се реализираат. Со  тоа ќе се намали сообраќајниот хаос во градов, а ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top