Кој ги обезбедува ноќните клубови во градов?

Законот за обезбедување имот и лица дециден,сите ноќни клубови мора да изнајмат Агенција за обезбедување. Ниту една од 7-те охридски легални Агенции за обезбедување не била ангажирана во  кабарето „Хавана“ каде пред пет дена се случи немилиот настан при што свирепо беше убиен еден српски турист.

 |  Лионела Јаковлева  | 
security
обезбедуванје

законЗаконот за обезбедување имот и лица дециден,сите ноќни клубови мора да изнајмат Агенција за обезбедување. Ниту една од 7-те охридски легални Агенции за обезбедување не била ангажирана во  кабарето „Хавана“ каде пред пет дена се случи немилиот настан при што свирепо беше убиен еден српски турист. Ова за ТВМ го изјавија поголемиот дел од претставниците на агенциите од Охрид, со кои контактиравме денес. Тие велат дека во нивната професионална комуникација  разменуваат информации кој со кого соработува и каде врши обезбедување. Ниту во еден разговор не било спомнато дека некоја од охридските или од останатите македонски агенции врши обезбедување токму во ова кабаре. И во СВР-Охрид кои што ги приведоа осомничените, а кои што работеле како обезбедување во кабарето, немаат податок дали истите се вработени во некоја Агенција за обезбедување. Тогаш се поставува прашањето кој и зошто дозволил да биде прекршен Законот во конкретниов случај и кои биле лицата што биле ангажирани за да го обезбедуваат овој локал и по кој основ.
PITON

Цветко Чолески од агенцијата за обезбедување „Питон“ вели дека постојат нелегални обезбедувачи кои ниту се стручни лица, ниту ги познаваат, ниту признаваат правилата на обезбедување. А, правилата се јасни. Обезбедувачот треба само да го отстрани проблематичниот гостин од локалот, а ако тој и понатаму се спротивставува, да го пријави случајот во полиција.
Исконтактиравме и со еден од сопствениците на кабарето „Хавана“ кој потврди дека не била ангажирана Агенција за обезбедување, туку дека биле ангажирани приватни лица кои поседувале лиценца за обезбедување. Но, сопственикот на Агенцијата за обезбедување „Питон„ објаснува дека обезбедување може да врши само лице кое покрај што поседува посебна лиценца, треба и да биде вработено во Агенција за обезбедување од каде добива посебна легитимација. Доколку не поседува таква легитимација тогаш лицето нелегално врши дејност.

PITON Чолески потенцира дека во градов речиси ниту една Агенција не е ангажирана од страна на сопствениците на ноќните клубови. Тој вели дека 170 вработени колку што ги има во седумте Агенции за обезбедување кои се регистрирани во Охрид речиси и да немаат работа поради нелојалната конкуренција на оние кои на диво вршат обезбедување. Чолески вели дека сето тоа се прави со амин на полицијата која дозволува прекршување на Законот и работа на диво.
„Питон“ обезбедува повеќе објекти во Битола каде според сопственикот на оваа агенција многу поригорозно се спроведува Законот за обезбедување имот и лица. Инаку, бројот на  лица кои ќе го обезбедуваат објектот, конкретно ноќниот клуб, зависи од бројот на гостите. На 100 гости треба да има едно лице за обезбедување. Во „Хавана“ според бројот на гостите требало да има 5 до 6 лица за обезбедување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top