Безбедносната слика на градот

Охридската јавност сеуште во шок по убиството  на српскиот турист. Јавноста исплашена, градоначалникот се оградува од одговорност, а министерот за внатрешни работи молчи. Најпоставувано прашање деновиве во Охрид е колку сме сите ние безбедни.

 |  Валентина Неловска  | 
sveki
свеќи за Дејан

svekiОхридската јавност сеуште во шок по убиството  на српскиот турист. Јавноста исплашена, градоначалникот се оградува од одговорност, а министерот за внатрешни работи молчи. Најпоставувано прашање деновиве во Охрид е колку сме сите ние безбедни. Крвавите тепачки низ охридските локали, како и бројните фатални сообраќајни несреќи по охридските улици, сигурно не одат во прилог на безбедносната слика на градот.

Последното свирепо убиство на туристот од Белград, крвничкото претепување на Дејан Новаковиќ, ја прели чашата  и отвори многу дилеми. Колку сме сите  ние безбедни во нашиот град е најпоставувано прашање деновиве.  Јавноста е исплашена, градоначалникот се оградува од одговорност, а министерот за внатрешни работи молчи. Крвавите тепачки низ охридските локали станаа редовна слика за време на летната сезона. Сеуште е свежо сеќавањето на инцидентот со затвореникот пуштен на викенд, кој што со група лица со дебело полициско досие три дена тероризираа низ кафулињата во Охрид, при што настрадаа полициски службеник и австралиски државјанин.
Ова се само две од тепачките од поголеми размери кои јавноста ги дозна, но што е со оние кои ги проголтува мракот. Дали ова е резултат на инертниот однос на полицијата, како во спречување на овие немили настани така и во нивното расветлување и санкционирање. Немањето ноќни патроли со доволен број на униформирани лица е сигурно една од причините за ваквото дивеење низ градот.

bul. TuristickaТВМ неофицијално дознава дека на една рака се бројат лицата кои треба да го одржуваат јавниот ред и мир во текот на ноќта. Доколку полициските службеници беа побројни и доколку беа излезени на терен онаму каде што се одвива ноќниот живот,  можеби и ќе го спасеа несреќниот Дејан, кој петнаесетина минути трчал низ охридската чаршија молејќи за помош. Полициските патроли евидентно е дека недостасуваат и на охридските улици. И сообраќајните несреќи кои однесоа  летово повеќе жртви сигурно не одат во прилог на безбедносната слика на градот. Жителите од Булевар Туристичка се жалат дека оваа сообраќајница во ноќните часови служи како писта за егзибиции во брзо возење, а сообраќајниот хаос е присутен и на улицата во изградба  Железничка.

svrА кога ќе ги читате неделните извештаи од МВР за сработеното во Охрид, добивате слика за град, во кој само 100 тина грама марихуана, и неколку пијани момчиња ја нарушиле идиличната атмосфера.
Од друга страна, сторителите на кривичните дела се најчесто добро познати на полицијата, скоро секогаш успеваат да се извлечат од рацете на правдата и непречено ги повторуваат криминалните дејаниа.

Чаршијата пак, сето тоа го поврзува со инволвираност на високи полициски службеници во криминалните активности низ градов.

Но не е мала ни одговорноста на првиот човек на градов, градоначалникот Петрески. Иако во изјава по убиството, тој се огради од одговорност поради немање ингеренции, останува дилемата дали Советот за безбедност при Локалната самоуправа, со поактивна работа не можеше да направи повеќе за подигање на степенот на безбедност на градот. Повторно сме сведоци на препукувања на релација локална-централна власт, во обид да се докаже кој повеќе го сака Охрид. Во меѓувреме, последиците како и секогаш ги трпиме ние и туристе.

За крај, не ли е задоцнета реакција извршената полициска рација викендов во Охрид? Требаше ли да загине странски државјанин, за полицијата само при еден претрес на добро познати криминални лица да пронајде пиштоли,  муниција, безбол плаки, ножови, самострел со оптика, димни бомби. Задоцнета е и контролата на сообраќајната полиција, која дури на крајот од сезоната, односно викендов беше присутна на булеварот Туристичка во ноќните часови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top