СВР Охрид им ветува поголема безбедност на учениците

Полицијата патролираше во близина на основните и средни училишта. Ги опоменуваа возачите кои не ги почитуваа сообраќајните прописи и правила.

 |  Тања Кувенџиска  | 

Униформирани полициски службеници денес можеа да се забележат како патролираат во близина на основните и средни училишта. Причина е подигањето на степенот на безбедност на учениците при доаѓањето и заминувањето од училиште.

„ Секогаш ја преминувам улицата на пешачки премин, но возачите некогаш застануваат, некогаш не“ – велат основците.

Со цел да се спречат било какви инциденти во близина на училиштата, од СВР- Охрид започнаа превентивно да дејствуваат. Се опоменуваа учесниците во сообраќајот кои не се придржуваа на пропишаните правила и прописи.

Се делеше и едукативен материјал преку кој учениците се запознаваа со основните правила во сообраќајот. Пред се- каде треба да ја преминуваат улицата.
Од СВР- Охрид информираат дека ваквите активности нема да сопрат по изминувањето на првиот училишен ден.

Страшо Миленкоски, раководител на Секторот за безбедност при СВР- Охрид, потенцира дека активностите ќе продолжат и во текот на наредниот месец и тоа во периодот од 7. 30 до 8 часот наутро, кога учениците одат на училиште и околу пладне, кога си одат.

Од СВР- Орид признаваат дека еден од најчестите проблеми во сообраќајот е непочитувањето на првенството на минување, ретко кога возачите ја исполнуваат својата обврска и запираат на обележаните премини за да ги пропуштат пешаците. Надлежните најавуваат дека ќе вршат чести контроли. Против оние кои нема да се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи ќе се превземаат строги санкции.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top