Охрид наскоро ќе добие брод амбуланта

Конечно брод амбуланта во водите на Охридското езeро.Бидејќи на пловилото му беа потребни поголеми поправки, оваа летна сезона не можеше да се стави во употреба,  па попусто измина речиси една година од двегодишниот договор помеѓу сопственикот на бродот и Црвен крст. ПАРИТЕ ЗА САНАЦИЈА ГИ ОБЕЗБЕДИ Локалната.

 |  Крсте Голабовски  | 
TVM
TVM

Конечно брод амбуланта во водите на Охридското езeро.Бидејќи на пловилото му беа потребни поголеми поправки, оваа летна сезона не можеше да се стави во употреба,  па попусто измина речиси една година од двегодишниот договор помеѓу сопственикот на бродот и Црвен крст. ПАРИТЕ ЗА САНАЦИЈА ГИ ОБЕЗБЕДИ Локалната.

Покрај реалната потреба од Центар за безбедност на вода, како основен критериум за зголемување на безбедноста на вода, од О.О на Црвениот крст, ја најавија реализацијата на идејата на која работеа 4 години. Станува збор за амбулантно пловно возило кое ќе патролира во водите на езерото не само во летниот период туку за време на целата година, истакна претседателот на О.О „Црвен крст“ од Охрид, Сашо Точко.

„Имавме слух од Л.С и од еден сопственик на пловен објект кој што нормално без надоместок ни го отстапи пловниот објект на две години“, додае тој.

Точко додаде дека средства за интервенциите на техничко и логистичко опремување на бродот, се обезбедени од Локалната самоуправа. Иако во јавноста се шпекулираше со сума од околу 10.000 евра, од О.О на Црвениот крст ги отфрлаат овие шпекулации како невиситинити исто како и шпакулациите кои се однесуваат на староста на овој пловен објект според кои пловилото е постаро од 5 години. Имено претседателот на О.О потенцираше дека години наназад од нивна страна се правени напори за да се изнајде пловен објект кој ќе може да функционира и како брод амбуланта и брод за спасување, запазувајќи ги сите меѓунардони стандарди.

„Пловниот објект, по сите оние потраги што ги направивме е соодветен и ги исполнува сите услови кои ние ги поставивме, услови кои се на меѓунардоно ниво, додава Точко.

Инаку пуштањето на овој пловен објект во употреба, беше најавено пред еден месец, но било одложено поради  дополнителни интервенции на неговото моторно одделение. Со тоа речиси се промаши оваа летна сезона и се изгуби  скороедна година во санација на пловниот објект.  Останува прашањето, што ќе се случи после истекувањето на две годишниот договор, со ова интервентно возило и средствата вложени во неговата санација? Дали првичниот сопственик ќе си добие веќе среден пловен објект на готово или пак и понатаму ќе биде хуман и ќе го продолжи договорот со „Црвен крст“ кој и понатаму ќе го користи како брод амбуланта останува да видиме. Но и доколку дојде до целосна реализација на оваа идеа, сепак останува реалната потреба од Центар за безбедност на вода односно обезбедување на локација каде ќе бидат стационирани спасувачките служби на Црвениот крст.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top