„Летечкиот холанѓанин“ и во Охридското езеро

Мистериозниот брод Чан, чија спорна сопственост беше предмет на интерес на медиумите пред две години, наводно сам плови во водите на езерото.

 |  Крсте Голабовски  | 
TVM
TVM

За време на изминатиов викенд бродот Чан, за кој пред две години Основното јавно обвинителство од Охрид изрече времена мерка- забрана за отуѓување на пловен објект, мистериозно се најде на нова локација, надвор од каналот Биљанини извори.

Новата локација на мистеризониот брод Чан сега е во близина на атрактивните плажи Куба Либре и Кадмо, кој како ТВМ неофицијално дознава за време на викендот бил одвлечкан од каналот Биљанини извори и оставен таму. Од Охридската Капетанија информираат дека е направен записник и констатирано е во два наврати дека на бродот немало никој. Отаму потенцираат дека овој пловен објект не е запишан и регистриран кај нив.

Од Охридската капетанија додаваат дека доколку  бродот ги попречува пловните патишта, ќе биде отстранет на трошок на државата. Што се однесува до промената на неговата локација, од капетанијата велат дека ке се обидат да го откријат сторителот, за кој ќе следи соодветна кривична пријава бидејќи бродот во никој случај не смеел да ја напушти првичната локација во каналот Биљанини извори. Инаку поради нерешени сопственички односи и незапазување на законските одредби при склучување на купопродажниот договор,пред две години обвинителство изрече времена мерка со која се забранува пловење и користење на  спорниот пловен објект, кој во тоа време беше во сопственост на бизнисменот Велија Рамковски. Од Охридската капетанија ветуваат дека бродот до крајов на неделава ќе биде вратен на неговата првична локација.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top