Во интерес на објективното информирање на јавноста во врска со случајот на угостителскиот објект „Пандонос“ , за кој што реагираа дел од варошани, ја добивме и информацијата која ви ја ветивме за дозволата за поставување урбаната опрема. Раководителот на Секторот за урбанизам, Бранко Арнаудов потврди дека од страна на сопственикот на овој локал на 12.07 годинава било поднесено барање за дозвола за поставување урбана опрема, и веднаш биле уплатени средствата, со што сопственикот утредента ја добил истата. Ова е хепи енд за сопственикот на „Пандонос“. Граѓаните не се ни сомневаа дека истиот ќе изнајде модус законски да биде покриен. Варошани сеуште сметаат дека поставените сообраќајни знаци за забрана за сообраќај на овој потег не се случајно поставени, туку наменски во интерес на спомнатиот угостителски објект. После долги години локалната си ја изврши обврската па наместо сообраќајница овој потег го направи пешачка патека. По се изгледа потребен бил само добар мотив.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град