Жири комисијата во состав Иван Џепароски (претседател), Славе Ѓорго Димоски и Венко Андоноски (членови) за изборот на најдобар расказ, на конкурсот што секоја година го распишува Општина Охрид, во чест на великанот на македонската литература Живко Чинго, одлучи наградата за најдобар расказ за 2010 год му се доделува на расказот Тагата, ах тагата”, под шифра, “Црн ат”.
На конкурсот пристигнале 49 раскази, од кои во потесен избор влегле 10. „Сите 4 години од како постои оваа манифестација ја следам. Овој конкурс прераснува во една институција на македонската куса проза“, истакна еден од членовите на жири комисијата Славе Ѓорго Димовски.
Наградата во висина од 30 илјади денари, на авторот ќе му биде врачена на 13 август на манифестацијата “Вечер на Живко Чинго”, што традиционално Општина Охрид ја организира во Велгошти, родното место на големиот македонски романсиер и раскажувач Живко Чинго.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град