„Секој почеток има и свој крај“. Вака варошани им порачаа на надлежните во градот, околу проблемот со кој деновиве се соочуваат, со поставените знаци за забрана за сообраќај, со што според нив му се отстапува патот на самоволието на сопствениците на угостителскиот објект „Пандонос“. Тие сеуште бараат одговор од надлежните во градот, зошто на поединци им се прогледува низ прсти. Варошани упорни во своите барања да не се прогледува низ прсти на поединци кои се дрзнуваат да работат на диво со поставување на урбана опрема, па макар да се работи и за неколку денови. Посебно апелираат до надлежниот инспекторат да си ја извршува својата работа согласно она за што се назначени. Тие побараа уште еднаш да го слушнат ставот на одговорниот на општинскиот комунален инспекторат Танас Танасоски, кој според варошани ги погазил своите тврдења, во врска со тоа дека законот за сите е подеднаков и се суди со исти аршин кон сите, но во овој случај се покажало дека од тоа корист имаат само прекшителите на законот кои поминуваат неказнето.
„И спрема сите, буквално јас ви тврдам дека спрема сите, непостои кафиќ, кафана према кого не е покренета прекршочна постапка“.
Од секторот за урбанизам на Локалната самоуправа, раководителот Бранко Арнаудов рече дека согласно програмата за добивање дозвола за поставување урбана опрема, таква дозвола деновиве му била издадена на овој објект. Арнаудов, не го прецизира датумот кога е издадена дозволата за поставување на урбана опрема, бидејќи беше на работен состанок во Скопје. Ни вети дека овој податок ќе го имаме во текот на утрешниот ден.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град