Локалната се правда

Реакцијата на варошани за новопоставените знаци за забрана на сообраќај на кракот на ул Кузман Капидан за која што ТВМ пишуваше, не ги остави рамнодушни во локалната самоуправа.

 |  Билјана Николовска  | 
TVM
TVM

Локалната експресно реагира. Од таму испратија допис со одговор на прашањето кое го упатија жителите од овој дел од градот. Во дописот стои цитирам…

„Во врска со прашањето од жителите во стариот дел на градот: „Доколку кракот на Кузман Капидан бил претворен во пешачка патека според постојниот урбанистички план, зошто тогаш локалната не го сторила порано…“, портпаролот на Општината го дава следниот одговор:

Заради транспарентното работење на локалната самоуправа, граѓаните заслужуваат одговор на поставеното прашање. Најнапред би ги потсетил нив самите, бидејки тие тоа добро го знаат, дека всушност станува збор за некогашната улица „Браќа Миладиновци“. Оваа улица-сообрќајница беше преполовена со археолошките ископувањата заради откривање на Античкиот театар. Од кога Античкиот театар ја доби сегашната фаза на археолошки ископувања и степенот на уреденост како сцена за низа манифестации, спомнатата улица „Браќа Миладиновци“ и не постои. Со уредувањето на Античкиот театар за сегашната намена изграден е потпорен ѕид кој е банкина на некогашната улица односно сегашниот крак на „Кузман Капидан“, завршен цитат.

Урбаната опрема пред „Пандонос“ и денес не беше отстранета. Олег Маленко еден од сопствениците на угостителскиот објект во телефонски разговор ни кажа дека веќе две недели чека да му се потпише дозволата за поставување на урбана опрема и дека веќе треба да го има тој документ в рака. Но, и да е така останува фактот се додека не ја добие дозволата опремата е нелегално поставена, а инспекциските служби замижуваат пред тоа.

 {loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top