99,8 децибели за мирен сон

Проблемите со бучавоста не го одминаа Охрид ни ова лето.

 |  Крсте Голабовски  | 
TVM
TVM

Жителите на стариот дел на градот се жалат на неподносливата бучава која доаѓа од кафулињата и летните тераси, до доцна во ноќта. Од одделението за урбанизам и заштита на животна средина согласни. Законот за заштита од бучава во животна средина, не се почитува.

Несони ноќи за охриѓани и ова лето. Жителите од стариот дел од градот, каде и се наоѓаат поголемиот број кафулиња, повторно се жалат дека навечер, поради прегласната музика, воопшто не можат да спијат. Така според Законот за заштита од бучава во животна средина, за стариот дел од градот, кој спаѓа во третата зона за бучава, после 23 часот, дозволена бучавост до 55 децибели. Бучавата во таа мерка ја  надополнуваат и летните тераси на кои се изведува  музика во живо.

Од општинскиот инспекторат за животна средина информираат дека до сега, извршени се контроли кај 36 објекти во градот и Пештани. Резултатите од направените 77 мерења за последните три месеци покажуваат дека ни еден од овие објекти не го почитува Законот за заштита од бучава во животна средина. Најголем е проблемот со летните тераси. Само за пример на 25-ти овој месец, во 02:03 минути после полнок, на терасата со жива музика која е лоцирана веднаш до рибниот ресторан, регистрирана е бучава од 99,8 децибели, која е двапати поголема од законски пропишаната. Инаку од општинскиот инспекторат информираат дека во фаза е изработката на Акциониот план за заштита од штетна бучава на подрачјето на Охрид. За таа цел направени се мерења пред почетокот на сезоната, а за неговата изработка се издвоени средства и ангажирана е консултантска куќа од Скопје. Инаку казните за преголема бучава од законски пропишаната, за физичко лице изнесува 300 евра, додека за правни лица од 2. 000- 5. 000 евра. Од СВР потврдуваат дека се изречени кривични пријави, кои завршуваат во основниот суд. Проблемот останува, буката продолжува, охриѓани и гостите од централното градско подрачје и ова лето ќе бидат без сон.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top