Трговијата со луѓе зема замав и во Македонија

Трговија со луѓе има и во Македонија. НВО „Отворена порта“, досега во земјава има регистирано 65 жртви. Најмладиот регистиран случај во земјава според статистиката на оваа невладина организација е девојче на 8 годишна воздраст. Покрај трговија на луѓе со сексуални работници, овој криминал се шири и во градежништвото и земјоделството. Во СВР од 2008 год навака нема регистриран случај на овој вид на криминал.

 |  Татјана Маленкова  | 
trgovija so luge
трговија со луѓе

trgovija so lugeНевладината организација „Отворена порта“, има регистрирано 65 жртви на трговија со луѓе. Според нивната статистика жртвите се од сите националности: македонска, албанска, ромска и  една девојка од турска националност.  

„ Според економскиот статус сите се од сиромашни семејства од семејства со еден родител или семејства каде има насилство во семејството. Според информираноста жртвите се многу малку информирани за трговијата, но најчесто го имаат напуштено или прекинато образовниот процес“, истакна Ѓурѓица Ѓорѓевска, проект координатор во НВО „Отворена порта“

trgovija so luge

„Отворена порта“ е дел од партнерските организации на интернационалната мрежа, Ластрада кои работат по исти принципи, визии, имаат исти мисии и унифициран начин на работа. Овие организации кои работат со лица на кои им се прекршени основните човекови права, ги згрижуваат во „Сигурна куќа“, каде на клиентите им пружаат сигурно сместување , основни услови за живот, храна, облека, медицински прегледи, вклучување во образовниот процес, поточно доквалификација на нивното образование за да станат рамноправни со сите кои бараат работа.
„Најчесто се измамени од дечкото или од партнерот, кои што им даваат лажни ветувања за заработувачка и комотен живот“, истакна Ѓорѓевска.

Инаку денска за трговијата со луѓе отворено проговорија, повеќе институции поврзани со сузбивање на овој криминал. Тама на трибината која денеска ја организираа Невладините организации „Отворена порта и „Езерка“, беше „Како да може да ја спречиме трговијата со луѓе“.
Денешната средба е дел од проектот „јакнење на капацитетите за справување со трговијата со луѓе од аспект на почитување на човековите права, финансиски подржан од Европската унија.   
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top