Половина oхридски плажи ги проголта езерото

Концесионерите на плажите се жалат дека надојдената вода им проголта половина од закупеното Охридско крајбрежје. Тие реагираат до ЕЛЕМ под итно да превземат мерки и да го регулира нивото на водата во езерото.

 |  Татјана Маленкова  | 
plazi
плажи

plaziНивото на езерото сеуште над дозволениот максимум. Овој пат штета од поголемата количина вода имаат концесионерите на плажите, затоа што надојдената вода им покри половина од песочниот простор наменет за поставување на лежалки. „ Четврта година по ред како крајбрежјето е уредено, а годинава изгледа како сега да почнуваме со активности. Се е разрушено, а причина за тоа е преголемата количина на вода“, вели концесионерот на плажата Акапулко Љупчо Нечковски.

„Кога имаше најмногу врнежи од дожд, во најтешките денови, езерото се намалуваше, бидејки се регулираше Дримот. Сега најверојатно таа регулација е стопирана и половина од плажите ги нема, вообичаен бран да удри на плажата неможе да се постават лежалки и никакви други реквизити. Сите плажи кои се земени да се уредуваат, сите очекуваа дека водата во овој период ќе биде спуштена и ќе може да ги уредуваат“, вели Љупчо Нечковски – концесионер на „Акапулко“.

plazi

Ништо поразлично не е ни кај плажата Потпеш. Концесионерот на оваа плажа вели „Требаше да се реагира порано, за да не дојде до случај да ги санираме последиците. Штетите кои ги претпевме зимата ги саниравме, но ова сега е нешто друго, додава тој.

„ Поминала комисија локлана или државна, не знам точно, но за жал како воопшто да не биле тука“, вели Митко Пендо – концесионер на Потпеш.

Штетата која настана поради големата количина на вода е огромна. Направена е некоја проценка, но за жал сметам дека не е реална, истакна Нечковски.
Долго рамислуваме дали да апелираме до надлежните да превземат нешто со нивото на езерото, но да се прави иницијатива за тоа дека водата е надојдена е смешно, бидејки има луѓе кои се платени да го регулираат нивото на езерото, вели концесионерот на плажата Акапулко.
Неофицијално дознаваме дека во ЕЛЕМ веќе има превземени активности за враќање на езрското ниво во нормала. Дознавеме дека од денеска преку Дримот започнало да се испуштаат 50  метри кубни вода во секунда.  Со испушатње на оваа количина на вода до крај на месецов, треба нивото на езерото да се нормализира, вели извор за ТВ М кој сакаше да остане анонимен.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top