Македонскиот фудбалски репрезентативец Величе Шумуликоски до крај ќе оди на патот на својот успех во фудбалот. Професионалниот живот на фудбалерите е полн со предизвици. За некои е лесен, за некои е тежок, но ако е во прашање добра заработувачка нештата го менуваат текот на животот. Круна на се е добрата можност за напредок и со играње во шампионати кои се далеку поквалитетни од нашиот домашен. Величе Шумуликоски е еден од нив. Тојвеќе од 11 години е надвор од земјава затоа што уште во 1998 година го напушти второлигашот Караорман. Од тогаш всушност почна неговиот пат низ Европа. Нови предизвици, нови клубови. Успеси и падови, титули и разочарувања. Првата европска станица за популарниот Шуми беше словенечкиот Публикум, а потоа следеа Синот Чешка, Зенит Русија, Бурса Турција. Сега е во неговата посакувана цел Англија најнапред во Испвич а од јуни 2009-тае во дресот на Престон. Еве како Шумуликоски го прифатиле како македонец во странските екипи.
„Секаде се претставувам како македонец, горд сум на тоа и како таков ме прифаќаат“, вели Шумуликоски.
Деновиве тој престојува во неговиот роден град Струга, со цел да среди неколку обврски, како што самиот кажа. Меѓу другото ќе присуствува на свадбата на неговиот брат .
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град