На економски план Македонија и Турција имаат воспоставено линк на највисоко ниво, смета Министерот без ресор при Владата на Р Македонија, Хади Незир.
Министерот без ресор при владата на Р Македонија, Хади Незир, денес во работна посета на турскиот конзулат во Охрид. Ова е негова втора посета на конзулатот и рече дека секогаш кога е во Охрид пријатно се чувствува.
Заедно со него беа и претседателот на Турската демократска партија на македонците како и генералниот секретар на партијата.
„ Целта на моето делување е продлабочување на односите помеѓу двете пријателски земји, Македонија и Турција“ рече Незир.
Тој потенцира дека се залага за привлекување на што поголем број инвеститори од Турција кај нас.
Министерот Незир минатата година беше организатор на големиот економски форум кој се одржа во Турција, со наши претставници од највисокиот државен врв. Намерата на овој форум била да се поканат што повеќе турски стопанственици да дојдат кај нас на лице место за да се уверат за расположливите потенцијали на нашата земја. Незир рече дека намерата им успеала.
Турскиот почесен конзул во Охрид Абдураман Бајрактар рече дека овие посети се со цел да се зајакне стратегијата за искористување на сите потенцијали во Охрид и регионот. Тој додаде дека нашата земја мора да создаде услови за полесен пристап на странските инвеститори во нашата земја.
Министерот без ресор Хади Незир рече дека Турција е отворена за секаков вид соработка со нашата земја без да постои никаква пречка за тоа. Само напомена дека нашата земја мора да изнајде начин да го среди шалтерскиот систем на обработка на податоци бидејќи на инвеститорите не им се чека многу.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град