СВР Охрид со низа активности го одбележа светскиот ден на екологијата. Годинава во соработка со ЈП Охридски Комуналец, се уредуваше паркот пред зградата на СВР, а пред Авто мото друштвото Васил Стефоски и Здружнието на возачи Охрид, се спроведе акција во која се контролираат патничките и товарни возила, за издувни гасови.
„ Во координирани активности станицата за безбедност во патниот сообраќај спроведува активности насочени на контрола на патничките товарни моторни возила, пред се за издувни гасови.
Поставени се два пункта во соработка со надлежните во здруженијата на возачи да вршат контрола на издувните гасови и онаму каде што ќе затекнат направилности да и упатуваат на вонреден преглед“, истакна Стефан Димовски,портпарол на СВР.
Паркот пред СВР се средува според планот за разубавување на средината кој го изготвија стручните служби на ЈП Охридски Kомуналец.
„ Сакаме да се вклопиме во благодарната идеја на Охридски Комуналец за разубавување на Охрид. Во оваа акција комплетно ќе се урдат и дворните места на полициските станици кои се под СВР Охрид“, истакна Димовски.
„За ЈП Охридски Комуналец, секој ден е ден на екологија. Ние како ЈП се стремиме сите проблеми да ги решаваме системски“, вели Директорот на Комуналец, Сашо Алче.
„ Многу ни е мили што можеме да подржуваме кампањи. Денес учествувавме и во акцијата на Лајонс клубот Лихнидос во чистење на крајбрежието пред хотелот Милениум, а бевме дел и од акцијата на бисера кои денеска го избираат најдобриот двор“, истакна директорот Алче.
Портпаролот Димовски најави дека во моментотв СВР се подготвува да реализира проект насловен како „Еднаков пристап“, кој е насочен кон лицата со посебни потреби. Димовски најави дека со овој проект СВР се отвора кон граѓаните, а со градење на посебен пристап кон зградата, оваа инстититуција ќе стане пристапна и за лицата со посебни потреби.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град