Аеродромот ќе го менува водоснабдувачот

Охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“ бара снабдувач со квалитетна вода за пиење. Веќе подолго време водата што ја користат аеродромот и жителите од околните села, Горенци и Оровник, не се хлорира и е неисправна за пиење.

 |  Валентина Неловска  | 
aerodrom Sv Apostol Pavle
Аеродром Св Апостол Павле

Охридскиот аеродром „Св Апостол Павле“ бара снабдувач со квалитетна вода за пиење. Веќе подолго време водата што ја користат аеродромот и жителите од околните села, Горенци и Оровник, не се хлорира и е неисправна за пиење. Корисниците не се задоволни од квалитетот на водата, а аеродром е должен да ги снабдува со исправна вода патниците кои ги користат нивните услуги. „Никогаш не се случило да ги снабдиме патниците со неисправна вода за пиење. Преземаме  дополнителни активности што не се наша обврска иако плаќаме за потрошена вода и услуга за кои снабдувачот е должен да испорачува квалитетна вода, но секогаш не е така“ потенцира д-р Томислав Тунтев, директор на воздушен сообраќај. Аеродромот се наоѓа на територија на општина Дебрца и е приклучен на оваа водоводна мрежа. Несоодветниот  квалитетот на водата за пиење од мрежата на водостопанското претпријатие Дебрца го потврдуваат и од Центарот за јавно здравје. Физичко –хемиските и микробиолошките анализи кои се прават во центарот еднаш месечно покажале дека во првите три месеци од годинава водата за пиење не била исправна. Додека контролите  на водата за пиење од оваа водоводна мрежа во април и мај покажале дека водата е исправна и дека е хлорирана. Во првите три месеци од водоводното претпријатие Дебрца не користеле дезинфекционо средство, истакнува Сашо Точков, специјалист броматолог. Тој истакнува  „станува збор за општ проблем за кој ние со години наназад апелираме до оние кои стопнисуваат со селскиот водовод да внимаваат на мерките за заштита и водата континуирано да ја хлорираат“. Проблемот со неквалитетното водоснабдување неодамна беше истакнато и на седницата на општинскиот совет како советничко прашање од советникот, д-р Томислав Тунтев, инаку директор на воздушен сообраќај во оваа установа.
Тунтев се интересираше дали постои можност да се промени снабдувачот со вода од Дебрца и побара приклучок на водоводната мрежа на МЈП „Проаква“.
Директорот на Проаква, Бранислав Трпчески одговори  потврдно. Кажа дека постојат технички можности за  промена на водоснабдувачот и приклучување на нивниот водоснабдителен систем. Менаџерскиот тим од аеродром ќе мора да поднесе барање до Локалната самоуправа на општина Дебрца, аеродромот и околните села  да се снабдуваат со вода од Проаква.     
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top