Риболовците со низа забелешки до надлежните за каналот

Риболовците бараат чамците, глисерите, скутерите и јахтите на моторен погон  во каналот од 1- ви јуни до 15- ти септември да влегуваат само со весла. Тие уште бараат Каналот Студенчишта да добие третман ист како изворите во Свети Наум, истиот да се исчисти но и да се направи проект за реанимирање на флората и фауната. Од СРК Св. Апостол Павле сметаат дека се направени катастрофални грешки при носењето на  измените во Законот за рибарство и аквакултура.

 |  Татјана Маленкова  | 
kanal Studencishta
Канал Студенчишта

kanal StudencishtaРиболовците имаат низа барања за подобрување на состојбата на каналот Студенчишта. Од СРК велат дека од 1- ви јуни до 15- ти септември треба да им се забрани влез на чамците, глисерите, скутерите и јахтите на моторен погон,туку истите во каналот да влегуваат со помош на весла, затоа што се уништува флората и фауната во каналот.  
Спортските риболовци уште бараат да се изврши обележување и сигнализација на влезот односо излезот на каналот Студенчишта, поради  безбедносни причини за сите учесници во водениот  сообраќај.  

kanal Studencishta

Спортсите риболовци до надлежните наведоа повеќе барања кои мора да се реализираат, за доброто на флората и фауната во каналот. Каналот Студенчишта да добие третман ист како изворите во Свети Наум и понего да се дозволи пловење само на неколку копии од стари Охридски чунови исклучиво на весла.  Каналот да се исчисти и продлабочи по целата должина и да се направи проект за реанимирање на Флората и Фауната. 
Од СРК Св. Апостол Петар, велат дека во каналот владее хаос кој кулминира во летниот период. Силните елиси на глисерите ја уништуваат флората и фауната, а како резултат на тоа, три години во каналот влегуваат само 10% од рибите на зимување за разлика од минатите години. “ Наместо вода од прва категорија и туристичка атракција, каналот се претвори во загадено мочуриште и хемиски загадена вода од трета категорија”, велат од риболовниот клуб. “
Спортските риболовци велат и дека се направени катастрофални грешки при носењето на  измените во Законот за рибарство и аквакултура, и бараат под итно да се покрене постапка за измена на Законот за рибарство.

Димче Мајковски вели дека на спортските риболовци им смета распределбата на средствата кои ги уплаќаат рекреативните риболовци како чланарина за работа на Македонската риболовна федерација. Тие сметаат дека нејзината намена треба да е за работата на здруженијата и федерацијата, а не за полнење на буџетот.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top