Денес е светскиот ден на најпознатиот прехранбен производ, млекото. За млекото секогаш се знаело дека е здрав, интегрален и природен напиток. Пораснавме со верувањето дека секогаш треба да го има на секоја маса, бидејќи е многу богато со витамини и минерали. За охриѓани, сеуште неизбежен дел од трпезата.
Млекото е речиси совршен прехранбен производ, препоплн со девет есенцијални прехранбени состојки кои му се потребни секојдневно на човековото тело. Мислењата дали млекото е здрав напиток или не е, се измешани веќе подолго време. Некои луѓе се колнат дека е битно да се пие овој снежно бел напиток секој ден, други пак посочуваат на најновите откритија на научниците низ целиот свет. Се посложените термички и хемиски процеси на обработка приоднесуваат ваквото млеко да не содржи само витамини и минерали, туку и мешавина од опасни супстанции како: антибиотици, хормони, пестициди, алергени животински протеини, холестерол, хербициди и уште многу. Секојдневно се среќаваме и со реклами за тоа колку млекото со помалку маснотии е здраво за телото, но фактите го зборуваат токму спротивното. Од единствениот млеко препработувач во градов, M.И. „Лабрадор“зад кои стои десет годишна традиција со указ до консументите. Да се внимава при изборот на млекото и млечните производи кои ќе се користат.
Инаку во нашата земја производството на млеко последниве неколку години бележи тренд на опаѓање. Вкупното производство на млеко минатата година изнесувало 394 милиони литри, што е за 9,8 отсто помалку во однос на производството на млеко во 2008 година, според податоците на државниот завод за статистикa. Делумно ова е резултат на светската економска криза, дел на лошото менаџирање. Во Охрид, состојбата поинаква, информира Славко Николоски од „Лабрадор“.
Млекото претставува хранлива течност произведена од женките цицачи. Тоа ја обезбедува основната исхрана на новороденчињата пред нивниот организам да може да дигестира различни видови храна. Млекото се преработува во млечни производи како што се павлака, путер, јогурт, сирење, лактоза, суво млеко и други продукти. Светската организација за храна и Земјоделство го одбра денешниот ден како ден на млекото поради тоа што голем број земји, веќе го слават овој ден.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град