Денешната 19-та седница на општинскиот совет беше резервирана за бројни советнички прашања. Во името на граѓаните советниците побараа одговор на 30-тина актуелни прашања. Она што денес, сепак предизвика интерес кај новинарите и кај дел од советниците од опозиција беше изгласувањето на деталната урбанистичка документација. Наместо за нив да се расправа на 18-тата седница која се одржа минатата недела, тие беа повлечени од дневен ред за утрово да бидат изгласани без присуство на јавноста. Советникот од Вмро Дпмне, Дејан Паноски упати прашање до градоначалникот зошто се изгласаа 40-тина урбанистики плански документи без присуство на медиумите и јавноста.
На ова прашање градоначалникот Александар Петрески истакна дека денешното гласање на урбанистичките детални планови било според позитивните законски прописи. Нагласи дека деталните урбанистички планови за неколкуте урбани заедници се во согласност со Законот за градба донесен токму од партијата на власт. Доколку се работи за почитување на законот се поставува прашањето зошто ниту еден медиум не беше поканет да присуствува на денешниот состанок. Градоначалникот во одговорот вешто се огради од тајноста на изгласувањето, иако токму од секторот за урбанизам беше најавено повлекувањето на урбанистичките планови на 18 –та седница.
Градоначалникот одговори и колку должи општината. Образложи дека во првиот негов мандат општината вратила 7 милиони евра стар долг направен кон Гранит и Кратер во последните 8 години. Но, во меѓувреме доспеале за плаќање нови 2 милиони евра долг направен исто така во изминатиот период. Кажа дека на 4 јули ќе биде пуштен во функција колекторот во Пештани, нагласувајќи за бројните саботажи во работата, а за кои полицијата била известена.
Советниците од опозицијата и позицијата се интересираа за средување и завршување на канализацијата во населбата Радојца Новичиќ и Велгошти, изградбата на спортска сала во училиштето во Пешатни, реноворање на дограмата во ОУ Св. Климент Охридски, локација за гробиштата во Пештани. Стана збор и за можноста да се подобри квалитетот со водоснабдувањето на аеродромот. Градоначалникот ги демантира како шпекулации тврењата дека се сечат дрворедите со липи за да се прошири паркинг просторот во градот. Петрески кажа дека дрвјата ќе се сечат заради безбедност на граѓаните, а на местото од лепливите липи ќе се засадат јапонски цреши.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град