Мултимедијален историски проект, кој истовремено ќе биде и едукативен, ќе се случува во Охрид од 5 до 8 септември.
Мултимедијален историски проект, кој истовремено ќе биде и едукативен, ќе се случува во Охрид од 5 до 8 септември.
„Историскиот фестивал наречен „ Средовековен Охрид “ ќе се одвива во старото градско јадро и прествува една новина за Македонија, но и пошироко за Балканските простори“, вели еден од организаторите од здружението на граѓани „ ЕОН“, Ѕвонко Наумоски.
На просторот на поранешната библиотека ќе биде исцениран средновековен пазар, ќе бидат поставени шатори, а ќе бидат презентирани и занаети од средновековниот период со костимирани жители.
„Далга„ , „Антико“, „Света Софија“ и „Куба Либре“, се рестораните каде што ќе се подготвува храна по средновековна рецептура и ќе се служи во средновековни садови.
Музичката програма ќе се изведува од ансамбли, хорови и солисти на отворено пред катедралната црква Св Софија, Горна Порта и Античкиот театар. Витешките вештини во мечување и стреличарство ќе ги презентираат четириесетина преставници од Хрватска и Словенија. Следењето на сите активности за гостите ќе биде бесплатно. По повод денот на Независноста на Р. Македонија , 8-ми Септември, ќе се изведе специјална програма на Антички театар. Проектот, Историски фестивал „ Средовековен Охрид “ е целосно подржан од локалната самоуправа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град