Планинската Куќа подготвена….

Отворена Планинската куќа „Асан Џура“ на Галичица. Истата располага со 20 кревети во 4 комлетно опремени соби, кујна, соба за дневен престој, мини ресторан за 20 лица и летна тераса.

 |  Татјана Маленкова  | 
Asan Dzura
Планинска куќа Асан Џура

planinska KukaПланинската куќа е готова и подготвена за оние кои ја сакаат природата. Нациналниот парк Галичица куќата ја промовираше неодамна, а истата  на посетителите им овозможува да  се оттргнат од градското секојдневие и да уживаат во беспрекорната природа  што ја поседува Националниот парк.   Планинарската куќа располага со 20 кревети во 4 комлетно опремени соби, кујна соба за дневен престој, мини ресторан за 20 особи и летна тераса. Оваа куќа во иднина ќе се користи за потребите на вработените во паркот, за научните работници кои што вршат истражувања за потребите на поркот но исто така таа ќе биде ставена и во комерцијални цели, а тоа значи зголемување на туристичката понуда.  
Во близина на куќата се наоѓа пештерата Саматска дупка, Симонческа локва врвот Томорос и уште многу други вредности кои трајно ќе останат врежани во сеќавањата на посетителите.  
planinska Kuka

Куќата беше отворена во присуство на голем број на ученици од средните училишта Гимназија и Економски, кои во саботата го одржаа традиционалниот марш во Галичица Два Јавори-Охрид во должина од 22 километри.
Инаку планинарската куќа е сместена во централниот дел на Националниот парк Галичица на надморска височина од 1470 метри во локалитетот Асан Џура. До неа се стигнува од две страни и тоа од Охридска страна преку селото Велестово по планински пат со должина од 18,6 км од кои 4,1 км по асфалтен пат и 14,5 по земјен пат.  
Од Преспанска страна се стигнува по пат со вкупна должина од 9,1 од кои 3,7 се асфалтен пат и 5,4 км се земјен пат.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top