Денеска во Охрид започна IV регионален форум за финансирање на јавното здрвствено осигурување. Македонија за прв пат се јавува во улога на домаќин на еден ваков настан од обаласта на здравственото осигурување на Македонија со подршка од ИПА Програмата за координинација на социјалната сигурност и реформи во социјлната сигурност.
Традицијата за организирање на овој вид на форум продолжува со проширување на списокот на земји учеснички, така што оваа година на истиот учествуваат 10 земји и тоа Словенија, Хрватска, Литванија, Унгарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Турција, Црна Гора, Косово и Македонија, со највисоки претставници од институциите одговорни за здравствено осигурување.
„Би сакал нагласам дека прашањата на кои ќе се дискутира не се важни за фондот за здравство туку за целокупното општество. Според денешниот контекс на живеење најважно е секој поединец да го запознаеме со решенијата кои ги донесуваат министерствата и фондовите“, истакна Сиско Молина, координатор за техничка соработка од Совет на Европа.
Регионалниот форум има за цел зајакнување на меѓусебната соработка помеѓу институциите од регионот, како и размена на искуства од областа на финансирањато на здравствените услуги. Овој настан претставува одлична можност за споредба на достигнувањата меѓу земјите учеснички како и инспирација за идните мерки за подобрување на здравствениот систем.
„Денеска на форумот ќе обработуваме теми од областа на финансирањето на секундарната здравставена заштита, а тука ќе користиме искуства од колегите од Хрватска и Словенија, затоа што проблемите во сите фондови се многу слични“, истакна Јанез Јелникар, генерален директор на Фонд за здравство, на Р Македонија.
Директорот на фондот за здравствено осигурување на Словенија д-р. Само Факин, истакна дека дополнителното осигурување во Словенија започнало во 1992 год, затоа што одговорните сватиле дека со плати и пензии не може да се покрие 100 посто од трошоците. Тој додаде дека фондот ги покрива оние трошоци кои се со повеќе ризик, За лечење во бањи за хронични болни се плаќа 90 посто, за листа со лекови 20 посто, а за оние трошоци кои не се толку неопходни фондот покрива само 10 посто.
Според податоците кои ги изнесоа гостите најдобро стоечки фонд, најорганизиран и со најмногу средства во моментов од регионов е Хрватскиот здравствен фонд. „Основниот пакет кај нас ги дефинира основите кои не ги плаќаме, а не она што плаќаме, истакна директорот на Фондот за здравство на Хрватска др. Тихомир Штидзег.
За разлика од останите фондови каде буџетот им се движи оклу и над 3 милиони евра, во Македонија истиот изнесува 300 милиони евра, истакна директорката на фондот за здравствено осигурување од Македонија, Маја Памаџиева Змејковска.
Програмата на настанот е поделена во четири панел дискусии што ги обработуваат актуелните теми од областа на здравството. Денеска учесниците на форумот ќе обработуваат теми од областа на финансирањето на секундарната здравставена заштита, со посебен акцент на искуствата од имплементирањето на системот за дијагностичко сродни групи, како и финасирањето на специјалистичко консултативната заштита, а утре акцентот ќе биде ставен на дискусии во сверата на реформите во здравставениот систем, вклучувајки ги и реформите во финансирањето на лековите од позитивната листа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град