Ред ѓомлезе, ред оро, ред песна

Оваа година како локација за одржување на манифестацијата „Ѓомлезијада“ е избрано излетничкото место кај селото Скребатно.

 |  Крсте Голабовски  | 
Gjomlezijada
Ѓомлезијада

GjomlezijadaСпоред зборовите на организаторите, целта на манифестацијата е мобилизација на целокупните туристички потенцијали на охридскиот регион и афирмација на ѓомлезето во гастрономски бренд од овој регион.

Дали на охридската пастрмка и охридскиот бисер ќе им се придружи и ѓомлезето како охридски бренд? Впечатоците од втората Ѓомлезијада зборуваат дека сме на добар пат да успееме во тоа. Излетничкото место кај селото Скребатно беше претесно да ги собере љубопитните посетители, меѓу кои беа угостителско туристичките работници од градов како и претставници на локалната. Но, најинтересно беше за туристичките работници од Австралија и Холандија, за кои ова беше нешто навистина ново.

Gjomlezijada

На нова локација, во близина на селото Скребатно,оваа манифестација покажа дека има потенцијал да стане традиционална, а организаторите се надеваат дека до година истата ќе прерасане и во регионална. И оваа година манифестацијата е со натпреварувачки карактер, а дисциплината во која ќе се натпреваруваат највештите е изработка на највкусно ѓомлезе.

Инаку Ѓомлезијадата е во организација на Општина Охрид. Антонио Балески од Локалната информира дека намерата на организаторите е манифестацијата секоја година да се одржува на различна локација со целд а се мобилизираат целокупните потенцијални на Охридскиот туристички регион и да се види целокупната туристичка понуда, да се афирмира руралниот туризам, а ѓомлезето да стане бренд по кој ќе биде препознатлив овој регион.

Организацијата на оваа манифестацијата е подржана од центарот за регионален развој, „ГТЗ“, а потпомогната е од хотелите и рестораните од градов.  Првата награда за највкусно ѓомлезе во износ од 10.000 денари ја доби Снежана Грујоска, второто највкусно ѓомлезе го направи Лиле Кароска, додека третото место и припадна на Стојанка Дескоска.

Gjomlezijada

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top