Балкански софри во Охрид

Денес во Охрид уште една манифестација каде во центарот на вниманието се гастрономските вештини и гурманските специјалитети.

 |  Крсте Голабовски  | 
Balkanska sofra
Балканска софра

На просторот на извидничкиот камп, се одржа десеттото јубилејно издание на „Софра 2010“.

Гастрономските специјалитети од Балканските земји, денес беа презентирани во Охрид. Десеттото издание на кулинарската манифестација „ Софра  2010“  ги собра на едно место готвачите од земјите на поранешните југословенски простори, како Србија, Хрватска и Словенија, како и претставниците од Бугарија и готвачите на руската амбасада во земјава. Нивна задача, презентација на нивните највкусни нацвионални јадења.

Balkanska sofra

Овогодинешното издание на „Софра“ започна во Св. Николе за да заврши во нашиов град. Според зборовите на организаторите ова претставува убав начин зпред почетокот на овогодинешната туристичка сезона. Гостите учесници задоволни од организацијата, а на присутните им ги претставија нивните највкусни национални јадења.

Како покровител на овогодинешната Софра се јавува и амбасадата на Русија во Земјава. Рускиот амбасадор, презадоволен од организацијата изјави дека ова претставува убав начин за запознавање и зближување на културите на земјите учеснички.

На манифестацијата своите гастрономски вештини ги претставија 80 готвачи
поделени во 12 екипи од неколку земји од регионов.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top