Медиумска војна

На забраната за  вршење на дејност, Алче со одговор, Законот за гробишта и погребални услуги е неспроведлив.

 |  Билјана Николовска  | 
Grobishta
Гробишта

GrobishtaЗаконот за гробишта и погребални услуги отвори медиумска војна помеѓу ЈП „Охридски Комуналец“ и фирмата „Мирен Сон“ од Охрид. На вчерашниот прес одржан од страна на операторот на погребални услуги Дениз Шибакоски беа изнесени решенијата за забрана за вршење на погребални услуги на ЈП „Охридски Комуналец“ кои од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат му биле врачени на ова јавно претпријатие. Констатирани причини, заради кои се издава решението за забрана на вршење погребални услуги се : Прво – Фирмата ЈП „Охридски Комуналец“ не поседува дозвола за вршење на погребални услуги односно лиценца од Министерството за транспорт и врски, второ – возилото со ознака SK- 502-КЛ е комбинирано односно не е специјализирано за вршење на погребални услуги и истата нема согласност од државен санитарен и здравствен Инспектор и трето возачот вработен во ЈП кој врши пренос на умрени лица не бил вакциниран против цревен вирус – тетанус што било потврдено од ЈЗУ – ЦЈЗ Охрид. Експресна реакција од првиот човек на ЈП „Охридски Комуналец. На денешниот прес,  Сашо Алче со свое видување за настанатиот проблем. „Го кршиме законот но се повикуваме на одредбите од законот кој се наведени од писмото на АТКОМ. Обврска на Локалната самоуправа е да се најде начин да се спроведе оваа одредба“.
„Законот за гробишта и погребални услуги е лош“, вели Алче. Тој додава дека овој закон, ниту едно Комунално претпријатие во земјава го нема имплементирано заради одредени членови од истиот,  кои содржат одредби спротивни на Уставот. Алче посочи дел од спротивностите на законот посебно во делот на верските права на граѓаните на РМакедонија.
„Добро е што сопственикот на фирмата „Мирен Сон“ ја отвори оваа тема за имплементација на законот за гробишта и погребална опрема“ рече Алче. „Но не е добро да изигрува жртва во име на маките на народот, да прави притисок преку инспекциските служби а притоа заборавајќи дека и тој го крши законот“ додава тој.
Алче обвини дека фирмата „Мирен Сон“ го крши законот со тоа што нивниот објект не ги исполнува минимално техничките услови, покојните спротивно на законот ги носи дома кај неговата фамилија и друго. Но, потенцира дека од нивна страна не постои забрана за влез во гробиштата на вработените од Мирен Сон и извршување на погребалните услуги. Алче посочи дека на 12. 04. му било понудено на Шибаковски да склучи договор со нив доколку ги почитува одлуките на Управниот одбор на ЈП и Локалната како и допис на 17.05 во прилог на кој бил доставен и  предлог договор. Бидејќи Шибаковски не го потпишал понудениот предлог-договр,  од Комуналец биле принудени да побараат услуги од друга фирма за вршење на погребални услуги. Морале да одат дѕри до Битола и да потпишат договор со фирмата  „Еко“ која исто така е лиценцирана за вршење на овие услуги. Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ имал испратено допис на 15 овој месец каде бара преиспитување на уставноста на некои членови од законот за гробишта. Тој очекува на денешната седница на ЗЕЛС каде ќе се расправа по овој проблем да се одложи примената на овој закон до негово решение поточно предлчагачот да го потврди одложувањето.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top